Види го  Хот.СИНАИА

Галерија од 8-ми Март 2008
 
принт      

 

Велигден

( Transilvanija - Romanija )
24 до 28 април 2008

1 ден. Поаѓање од Скопје во 16 часот пред Дрводекор со високотуристички автобус. Ноќно патување преку Бугарија или преку Србија.

2 ден. Пристигнување во Букурешт во предпладневните часови. Краток разглед на градот со посета на Парламентот, Посета на Патриаршијата, поаѓање за Синаиа. Во попладневните часови пристигнување во монденскиот туристички центар Синаиа во Јужните Карпати. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

3 ден. Појадок. Излет до Замокот Бран од XIV век, во кој во 1462 год.бил затворен Дракула. Во во попладневните часови пристигнување во Градот Брашов, центар на југоисточна Трансилванија кој представува музеј на отвотено (заштитен од УНЕСКО). Посета на познатата црна Црква од XIV   век. Разглед на стариот градски центар.Слободно попладне. Враќање во  Синаиа. Вечера. Ноќевање.

4 ден. Појадок. Напушање на хотелот. Посета на Дворецот Пелеш, најубавиот дворец во Европа инаку некогашна летна резиденција на Романските Кралеви. Послепладне пристигнување до езерото Снагов, поаѓање со брод до остовот на кој се наоѓа истоимениот манастир од XIV век, со посета на гробот на Дракула. Се продолжува за Букурешт главниот град на Романија кој често го нарекуваат “Мал Париз“. Панорамско разгледување на градот:  Посета на агхитектонскиот комплекс “Куртја Веке“ најстариот дел на Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки Владетел  Влад Цепеш - Дракула. Разглед - сајцинг на најпознатата улица Каља Викториеј на која се наоѓа: Атенеумот (седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата ( денес музеј на уметноста ), Националниот музеј на историја и др. Посета на трговскиот центар ”Унири”. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови.

5 ден. Во попладневните часови пристигнување во Скопје.

ЦЕНА:  10.200денари.

   Во цената е вклучено:                                   
- Превоз со високо туристички автобус и брод.
- Сместување во хотел со *** ( хотелот располага со базен, теретана, сауна, кафе-бар,   дискотека...2-во креветни соби со TWC ) на база на два полупансиони.
- Организација и стручно водство.
- Романска виза, документи: пасош и 2 слики.
   Во цената е вклучено:
- Патничко осигурување (5 €)
- Влезници за наведените објекти и трансвери (25 €)
 
 
 Напомена:                                   
Сместувањето е во двокреветни соби (1/2 и 1/3).
Сместување во еднокреветни соби се доплаќа 60 €.
 
Пријавување до 17.04.2008. Бројот е ограничен.
 
   ЦЕНАТА Е ФОРМИРАНА НА БАЗА НА 40 ПАТНИЦИ СО ПРОГРАМОТ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А. ДАЛАС УНИОН
ТЕРМИНИ:

 - Нова Година од 30.12.2007

 - 24-ти Мај од 21.05.2008

 - 8-ми Март од  05.03.2008

 - 8-ми Септември од 04.09.2008

 - Велигден од 24.04.2008

 - 11-ти Октомври од 15.10.2008

 - 1-ви Мај од 30.04.2008

 - Ноќ на вештерките од 28.10.2008

        ТЕРМИНИ ЗА ЗАТВОРЕНИ ГРУПИ (ФИРМИ) ПО ДОГОВОР!!!