принт      
K R A K O V
 
 
КРАКОВ  И  ВАРШАВА
(Знаменитости на Полска под заштита на UNESCO)
 
20.–25. октомври
 
1 ден: Тргнување на групата во 09:20 часот од автобуска станица. Се патува преку граничниот премин Табановце. По царинските формалности патувањето продолжува за Белград (поаѓање во 18:00-Сава Центар), преку Унгарија, и Словачка.
 
2 ден:   Предпладне пристигнување во Краков, некогашен главен град на Полска. Сместување во хотел. Краток одмор. Факултативна посета (разгледување на ходниците со должина 2 км, на длабочина  од 65м до 135м), на рудникот за сол: Вјеличка, кој се наоѓа од 1978 година на листата за заштита од UNESCO. Враќање во Краков. Ноќевање.
 
3 ден:   Појадок. Разглед на Краков, стариот градски центар кој исто така се наоѓа на листата за заштита од UNESCO, разглед на архитектонскиот комплекс Вавел. Факултативна посета на Катедралата Св. Станислав и Вацлав (во која се крунисани полските кралеви),кралскиот дворец од XIV век. Прошетка во стариот град, по така наречениот кралски пат - Trakt Królewski, Шетајки по трговската улица Гроцка се пристигнува на главниот плоштад - Rynek Główny, најголем средновековен плоштад во Европа на кој се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевич - најпознат полски поет,готската Црква Св.Марија од XIV век. Факултативна посета на црквата Св.Марија, прошетката продолжува по Флоријанската улица која завршува со Флоријанската капија со добро сочуваните делови од одбранбениот систем на градот од XIV и XV век. Слободно време за индивидуални активности и прошетки (на кои ќе ве упати вашиот водич) или посета на трговскиот центар „Краковска галерија„- во непосредна близина на центарот на стариот град.
 
4 ден:   Појадок. Слободен ден во Краков или факултативна посета на градот Варшава, главен град на Полска ( патување со експресен воз во 08 00час, пристигнување во Варшава во 1100час.). Трансфер до најубавиот Варшавски парк Лазиенки во кој се наоѓаат споменикот на Фредерик Шопен и кралевската палата Лазиенки така наречена палата на вода. Трансфер до улицата Нов Швајт – главна шопинг улица. Прошетката продолжува по Кралскиот пат каде се разгледува: споменикот на Никола Коперникк, Казимјежовската палата во која е сместен ректоратот на Варшавскиот универзитет, Преседателската палата, споменикот на Адам Мицкјевич, црквата Св. Ана – една од најстарите градби во Варшава.
Пристигнување до стариот градски центар на Варшава, кој исто така се наоѓа на листата за заштита od UNESCO. Најпрвен разглед на Дворскиот плоштад - Plac Zamkowy, на кој се лоцирани : Кралската палата - Zamek Królewski, и столбот на кралот Zygmunt III Waza,- кој седиштето на Полска го преместил од Краков во Варшава. Разглед на плоштадот Rynekво чиј центар се наоѓа споменикот на Сирената кој е воедно симбол на градот Варшава, а е обиколен со традиционални полски ресторани, кафитерии и продавници каде можат да се купат интересни сувенири. Разгледот завршува пред тврдината на предстражата – Барбакан.
Слободно време. Трансфер до железничка станица ( покрај која може да се види и познатата палата на наука и култура, воедно и највисоката зграда во Варшава).
Тргнување со експресниот воз за Краков во 1800часот. Пристигнување во Краков околу 21 00часот. Ноќевање.
 
5 ден: Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време во Краков или факултативна посета на Аушвиц. Посета на некогаш злогласниот нацистички концентрационен логор Аушвиц – Биркенау ( спомен – музеј под заштита на UNESCO).
На враќање од Аушвиц, посета на Wadowice, родното место на папата Јован Павле II. Враќање во Краков. Тргнување за Скопје преку Словачка и Унгарија.
Пауза во Будимпешта со краток разглед на градот: Плоштадот на хероите, Операта, Базиликата Св.Стефан, зградата на Парламентот, Будимскиот дворец, Рибарската Катедрала, Матејевата црква ........ Ноќно возење.
 
6 ден:   Патот продолжува преку Србија. Во попладневните часови пристигнување во Скопје.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   9.920 денари + 85
 
Во цената е вклучено:
*      Превоз со високотуристички автобус
*      Сместување во хотел со 3* во Краков, на база 3 ноќ/појадок,
*      Доплата за едно креветна 20 од ноќ
*      Организација и водство
 
Во цената не е вклучено:
*      Шенген виза 35 и осигурување
*      Факултативни излети:
*      рудник Вјеличка – 15 ; Варшава – 65 (минимум 10 особи); Аушвиц – Биркенау – 5
*      Влезници за локалитетите:катедралата на Вавел  во Краков – 5 ; кралските соби на Вавел – 7 €;
*      Црквата Св.Марија во Краков – 3
 
Напомена: Виза за Полска обезбедува агенцијата „ Далас Унион „ За добивање на виза секој патник мора да приложи пополнет и своерачно потпишан формулар, кој го добива во агенцијата. Да достави пасош со важност  3 месеци од завршување на патувањето. Фотокопија од првата страна на пасошот и една фотографија со формат 4,5 см х 3,5 см на ( бела позадина, главата треба да завзема 80% од фотографијата.)
Освен наведените документи за поедини категории на патници потребна е уште следната документација:
-           за вработени: потврда од работа,потврда за примањата, М­1 / М2 (оргинал и фотокопија), работна книшка ( картонче фотокопија и оргинал),потврда од пензиско и инвалидско осигурување.
-           за приватни фирми: решение од регистрација од фирмата (фотокопија), потврда од централен регистар, последен извод.
-           за земјоделци: извод од катастер, уверение од пореска управа за платен данок.
-           за пензионери: последен чек од пензија.
-           за студенти: потврда од факултет за редовен студент, М1 / М2 од родителите.
-           за ученици: потврда од училиште за редовен ученик, за малолетни лица(ако патуваат без родителите или со друга особа од фамилијата) потребна е согласност од двајцата родители заверена на нотар, и М1 / М2 од едениот родител.
-           Краен рок за достава на документите за виза е 20 дена пред поаѓање.
 
Цената е формирана на база на 40 патника. Во случај на недоволен број на патници, агенцијата го задржува правото да го одложи или откаже патувањето, за што ќе ги обавести патниците најмалку 7 дена пред поаѓање.
 
За овој програм  важат општите услови за патување на Т.А „ Далас Унион „