(6-12. август 2007.)
 
           06.08.:    Поаѓање на групата пред Дрво Декор во договореното време. После царинските формалности патувањето продолжува преку Србија – Џердапска клисура.Ноќно возење.         
07.08.:    Патувањето продолжува преку: Турну Северин – Букурешт. Во утринските часови пристигнување во Букурешт (Bucureşti), главен град на Романија, кој го носи епитетот, mali Pariz. Панорамско разгледување на градот. Сместување во хотел. Одмор. Кратка прошетка по најјужниот дел од Букурешт, во кој се наоѓа Румунскиот атенеум, Кралската палата,Централната универзитетска библиотека, зградата на Сенатот, Црквата Кресулеску (Cretzulescu)… Посета на Патријаршијата. Слободно време. Враќање во хотел и ноќевање.
      08.08.:    Појадок. Патувањето продолжува со посета на винскиот подрум кој се наоѓа во познатиот виноград Мурфатлар(Murfatlar). Дегустација на вино.Попладне пристигнување во Тулца(Tulcea), град на почетокот на делтата на Дунав,Познат уште од времето на Александар Македонски. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
09.08.:    Појадок. Посета на Делта Музејот во Тулца. Поаѓање со брод во разглед на најубавата делта во Европа и светот,со своите три ракавци: Килијом,Сулином,и Св.Ѓорги, и системот на езера Разим – Синое, завзема површина од 5165 km2,од кои 84% припаѓа на Романија. Делтата која инаку има статус на “Природен резерват“,представува права природна лабараторија, со бројни ретки растителни и животински врсти, на пр.(275 врсти птици).За време на крстарењето ручек на брод.Послепладне враќање во Тулца. Слободно време за индивидуални активности. Вечера.Ноќевање.   
              10.08.:    По појадокот пловење со катамараните до најскриените места на Делтата.Посета на манастирот Саон. Ручек во манастирот. Попладне враќање во Тулца. Одмор.Свечена вечера со национална фолклорна програма. Ноќевање.       
      11.08.:    Појадок. Напуштање на хотелот во Тулца и заминување во Мамаја(Mamaia), најпознато туристичко место на романското црноморско крајбрежје.Слободно време за користење на долгата 10km плажа.После пладне посета на Костанца(Constanţa), Најголемото пристаниште на Црното море (исто така познато летувалиште)инаку некогашна грчка колонија Tomis.Разглед на градот:споменикотна поетот Оидиј, џамија, казино, ...Слободно време. Вечерта поаѓање за Скопје.Ноќно возење.
12.08.:    Патувањето продолжува преку Србија – Белград. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
 
                    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9500 ден. + 155 €
 
                    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
 
                       - превоз со удобен туристички автобус
- сместување во хотел *** во Букурешт, и во хотел Europolis** во Тулца, со исхрана според програмата (европска категоризација на хотел; 1/2 доплата за 1/1 соба 15 за една ноќ) 
                       - дегустација на вина во винските подруми
                       - влезници за Делта музејот и такса за Националниот парк.
                       - пловење со брод по Делтата на Дунав                 
                       - организација и пратител на групата ( стручен водич)
 
                  ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- трошоци за виза за Романија и обавезно патничко осигурување (обезбедува агенцијата, цена: 30 € );
                    
НАПОМЕНА:
Цената е формирана на база на 40 патника, во случај на недоволен број на патници, агенцијата го задржува правото за промена на датумот на патувањето или откажување на аранжманот, за што патниците ќе бидат обавестени 5 дена пред поаѓање.
 

 

 Rentakar      Avio bileti      Avtubski bileti