Seminar vo Sinaja (Romanija) - Pro Agens
(Sinaja)
(Seminar na Pro Agens)
(Zamoci vo Transilvanija)
     
     ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
    (од 2 до 7 декември 2008)
     
    02.12. Тргнување од Скопје во 17 часот пред Дрводекор со високотуристички автобус. Ноќно патување.
    03.12. Во предпладневните часови пристигнување во Букурешт главен град на Романија, кој често го нарекуваат „Мал Парис„ Краток разглед на градот, Парламентот и архитектонскиот комплекс Kurtija Veke најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Цепеш – Дракула. Разглед на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum (седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста), Националниот музеј за историја, и др.Тргнување за Синаиа. Во приквечерните часови се пристигнува во монденското одмаралиште Синаиа во Јужните Карпати. Сместување во хотел. Вечера. Забава. Ноќевање.
    04.12. Појадок. ( СОВЕТУВАЊЕ НА ПРО-АГЕНС ) Посета на замокот Бран познат како Замокот на Дракула, од XIV век во кој 1462г. бил затворен Дракула, а потоа Кралска резиденција на вториот кралски пар. Вечера. Забава. Ноќевање.
    05.12. Појадок. ( СОВЕТУВАЊЕ НА ПРО-АГЕНС ) Посета на градот Брашов, централна југоисточна Трансилванија, кој представува музеј на отворено. Посета на познатата црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот градски центар и слободно време. Враќање во Синаиа. Вечера, забава, жива музика, диско и ноќевање.
    06.12. Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на дворецот Пелеш, најубавиот дворец во Европа, инаку некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Пристигнување во Букурешт и панорамски разглед. Посета на Патриаршијата и трговскиот центар Unirii. Слободно време. Тргнување за Македонија во вечерните часови.
    07.12. Во попладневните часови пристигнување во Скопје.


    ЦЕНА: 12.990,oo денари

    Во цената е вклучено:
    Превоз со високотуристички автобус
    Сместување во хотел со 3*** (базен, теретана, интернет, кафе-бар, дискотека),
    Три полупансиони (3 вечери со жива музика, забава и изненадувања).
    Организација и стручно водство
    Задолжително патничко осигурување
    Романска виза
     
    Во цената не е вклучено:
    Влезници за наведените објекти и трансфери 30 еур.

    НАПОМЕНА:
    Сместување во еднокреветна соба се доплаќа 4.990,оо денари.


    Краен рок за пријавување 25.11.2008г. поради визирање на пасошите !!!
    Цената е формирана за минимум 40 патници
    Со програмата важат општите услови за патување на Т.А. Далас Унион

    Т.А. ДАЛАС УНИОН ВИ ПОСАКУВА ПРИЈАТЕН ПРЕСТОЈ !
 
 Rentakar      Avio bileti      Avtubski bileti