|
|
||||||
Katalog 2009
|
Т а ј л а н д 12 ноќевања со појадок
![]() Прв ден,Белград,Германија Полетување од Белград (факултативно), полетување од Германија во вечерните часови со авиокомпанијата Lufthansa или Etihad преку Абу Дабу.Летот трае 10 саати. Втор ден,Банкок Слетување на аеродромот во Банкок,Suvarnabhumi,во утринските часови (07,00 часот). Од аеродромот е организиран трансфер до хотелот Prince Palace ***. ![]() Трет ден,Банкок Од 07.00 – 08.00 часот појадок. Во 08.00 часот состанок на групата,тргнување кон Банкок. Поминување кон кинескиот кварт во Банкок и посета на храмот Wat Traimit.Во овој храм се наоѓа статуата ,,buddhea,,која е висока 3 метри и тешка преку 5 тони и 80% е направена од злато. Потоа се посетува мермерниот храм Wat Benchamabopit. Во дворот на овој мермерен храм се наоѓаат повеќе од 50 стауи на буда. Понатаму се посетува фабриката на скапоцени метали,а исто така се посетува и кројачница во која се шие облека. На лице место ќе може да се уплати и за турата Thonburi Klong (10 € ),истата може да се оствар ако се пријават минимум 4 лица. При посета не е дозволено да се носи, отворени чевли,кратки панталони и блузи без ракави,слободно време. Враќање во хотел.Одмор до 16. 00 часот.Помеѓу 16.00 и 16.30 часот има Siam Niramit шоу ( www.siamniramit.com). Од 17.30 – 20.00 часот вечера,после вечерата Ве водиме на “мистично и историско патување низ тајландската култура “ со специјални ефекти и повеќе од 150 глумци,ќе доживеете незаборавна представа. Во 22.00 часот вараќање во хотел. ![]() Четврти ден,Патаја или Јомтиен После појадокот,напуштање на хотел и заминување од Банкок,за околу 3 саати се пристигнува во Патаја – град на Сијамскиот залив. Во хотелите Loma Resort & Spa *** или Pinnacle Grand Resort & Spa *** е предвидено 10-дневно сместување. Последниот ден на тргнување од хотелот до аеродромот во Банкок е во попладневните часови. Летот од Банкок до Германија е во вечерните часови. Prince Palace hotel *** Хотелот се наоѓа во центарот на градот,од аеродромот е оддалечен 45 минути. Овој модерен градски хотел се состои од 3 згради. Лоби барот е на 11 спрат,а во приземјето има преку 700 продавници. Собите се многу комфорни,опремени се со клима,сателитска TV,мини бар итн. Хотелот има 2 базени,фитнес центар – кој доплнително се наплатува,на располагање хотелот нуди салоните за убавина,spa,интернет,2 ресторана – виетнамски и кинески,како и ресторан со интернационална кујна,кафе бар и лоби бар. ![]() Prince Palace
|
|||||
© 2009 Dalas Union
|
||||||