Т а ј л а н д

12 ноќевања со појадок

 

Прв ден,Германија

Полетување од Германија во вечерните часови со авиокомпанијата Lufthansa или Etihad преку Абу Дабу.Летот трае 10 саати.

Втор ден,Банкок

Слетување на аеродромот во Банкок,Suvarnabhumi,во утринските часови (07,00 часот). Од аеродромот е организиран трансфер до хотелот Prince Palace ***.

 

Трет ден,Банкок

Од 07.00 – 08.00 часот појадок. Во 08.00 часот состанок на групата,тргнување кон Банкок. Поминување кон кинескиот кварт во Банкок и посета на храмот  Wat Traimit.Во овој храм се наоѓа статуата ,,buddhea,,која е висока 3 метри и тешка преку 5 тони и  80% е направена од злато. Потоа се посетува мермерниот храм Wat Benchamabopit. Во дворот на овој мермерен храм се наоѓаат повеќе од 50 стауи на буда.  Понатаму се посетува фабриката на скапоцени метали,а исто така се посетува и кројачница во која се шие облека. На лице место ќе може да се уплати и за турата Thonburi Klong (10 € ),истата може да се оствар ако се пријават минимум 4 лица. При посета не е дозволено да се носи, отворени чевли,кратки панталони и блузи без ракави,слободно време. Враќање во хотел.Одмор до 16. 00 часот.Помеѓу 16.00 и 16.30 часот има Siam Niramit шоу ( www.siamniramit.com). Од 17.30 – 20.00 часот вечера,после вечерата Ве водиме на мистично и историско патување  низ тајландската култура со специјални ефекти и повеќе од 150 глумци,ќе доживеете незаборавна представа. Во 22.00 часот вараќање во хотел.

 

Четврти ден,Патаја или Јомтиен

После појадокот,напуштање на хотел и заминување од Банкок,за околу 3 саати се пристигнува во Патаја – град на Сијамскиот залив. Во хотелите Loma Resort & Spa *** или Pinnacle Grand Resort & Spa *** е предвидено 10-дневно сместување.

Последниот ден на тргнување од хотелот до аеродромот во Банкок е во попладневните часови. Летот од Банкок до Германија е во вечерните часови.

 

 

 

Prince Palace hotel ***

Хотелот се наоѓа во центарот на градот,од аеродромот е оддалечен 45 минути. Овој модерен градски хотел се состои од 3 згради. Лоби барот е на 11 спрат,а во приземјето има преку 700 продавници. Собите се многу комфорни,опремени се со клима,сателитска TV,мини бар итн. Хотелот има 2 базени,фитнес центар – кој доплнително се наплатува,на располагање хотелот нуди салоните за убавина,spa,интернет,2 ресторана – виетнамски и кинески,како и ресторан со интернационална кујна,кафе бар и лоби бар.

Prince Palace

Loma Resort & Spa ***

Хотелот е сместен во центарот на градот со многу убав базен,500 метри е оддалече од плажа и недалеку од центарот на Патаја. Од услуги хотелот нуди spa центар,салон за убавина,хемско чистење,кројачки услуги,интернет,ресторан со меѓународна и тајландска кујна.

Loma Resort & Spa

  

Pinnacle Grand Resort & Spa***

Хотелот архитектонски е многу привлечен,со тропска градина и дирекно се наоѓа на јужната обала Jomtiena во близина се наоѓа и ресторан. До Патаја е оддалечено 20 минути. Собите се во традиционален Thai стил. Хотелот има 2 базени , а исто нуди и беjби услуга,фитнес центар,спортови на вода , гнурење и голф се допалтува. Исто така на расоплагање има и продавници ,фризер,Spa,интернет,собна послуга во вечерните часови,еден ресторан со тајландска кујна ,кафе бар и лоби бар.

Pinnacle Grang Resort & Spa

  

Цената на аранжманот е: 1.267

 

Во цента е вклучено:

  • Авионскиот превоз ;
  • Аеродромските такси ;
  • 12 НП (ноќевања со поајдок );
  • Тансфери ;
  • Орагнизација и стручно водство .

 

Во цената не е вклучено:

  • Летот Белград – Франкфурт/ Минхен 250 ;
  • Тајланска виза 30 ;
  • Патничко и здравствено осигурување .

 

За овој аранжман важат општите услови на патувањето на Т.А Далас Унион

Т.А. ДАЛАС УНИОН ВИ ПОСАКУВА ПРИЈАТЕН ПРЕСТОЈ !