ДОЧЕК НА НОВА 2013 ГОДИНА
(29.12.2012 – 01.01.2013)
Прв ден: 28.12.2012 (петок)
21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (паркинг спроти хотел „Холидеј Ин“) за Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Втор ден: 29.12.2012 (сабота)
Пристигнување во Златибор во утринските часови. Сместување во хотел „Чигота“ 3*** (www.cigota.rs) во двокреветни соби. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно, а потоа заминување кон Стопиќ пештерата. Враќање во хотел. Слободно време за користење на базенот и релакс центарот во хотелот ( две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум, фитнес сала и теретана). Ноќевање.
Трет ден: 30.12.2012 (недела)
Појадок. Заминување кон Мокра Гора и возење со Шарганската осмица (популарниот воз Ќира). Двочасовното уживање низ импресивните предели на границата меѓу двете планини Тара и Златибор. Потоа заминување кон Дрвенград -етно селото на Меќавник изградено од познатиот филмски режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“.Селото има галерија на слики, библиотека,кино,слаткарница со домашни колачи и природни сокови кои носат имиња на познати личности…Враќање во Златибор во попладневните часови. Слободно време за користење на базенот и релакс центарот во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 31.12.2012 (понеделник)
Појадок. Слободно време за индивидуално разгледување на убавините на Златибор и подготовка за Дочекот на Новата година. Вечерта,организиран дочек на Новата 2013 година на плоштадот во Златибор со богата музичка програма и забава со познати естрадни уметници од Србија.
Петти ден: 01.01.2013 (вторник)
Појадок.Заминување на групата од Златибор кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
(деца до 6 години бесплатно, од 6-14 години 300 динари)
Напомена: Деца до 7 години бесплатно (користат заеднички лежај со возрасно лице)